Интересно е што во првичните верзии на договорот во член 8 постоеа четири физички лица од ТЕ- ТО и БЕГ кои беа гаранти на договорот и кои со меници се обврзуваат да ги исплатат евентуалните штети од неисполнување на обврските од страна на БЕГ за во финалната тие да бидат изоставени и како гарант да биде ставен еден од трите правни субјекти на БЕГ – Производство, Дистрибуција или Снабдување во зависност од договорот.
Трите договори со БЕГ се идентични во содржината и обврските различен е само називот на правните субјекти на БЕГ.
Според Договорот БЕГ е должен да го стави на увид на ЕСМ целото свое деловно работење до денот на склучувањето на договорот и да му даде согласност на ЕСМ да управува со трансакциските сметки како и со наменската сметка која БЕГ ја отвара само за потребите на овој договор.
Сите приливи на трансакциските сметки БЕГ е должен на дневна база да ги уплаќа на новоотворената наменска сметка и тоа на дневна база.
Траењето на договорот е десет работни дена а потоа ќе се склучуваат анекси. Кој период ќе се покрива со анексите засега не е дефиниран и ќе се склучува по потреба а најдоцна до крајот на грејната сезона.
Огнен Чанчаревиќ
Во емисијата КОД вечерва во 19:15 повеќе детали за договорот за спас на скопското парно меѓу БЕГ и ЕСМ, како и за набавката на мазут во последен миг.
КОД: Кочовски од ТЕ-ТО објаснува зошто не купиле гас на време