Спорт Фудбал

Почнува елиминациската рунда на АФКОН

На Купот на Африкански нации во фудбал денеска ќе бидат познати првите четврт-финалисти. На програмата се два натпревари, а најголемо внимание привлекува дуелот на поранешните шампиони Нигерија и Тунис.

По три години двете селекции повторно се среќаваат во елиминациската фаза од континенталното натпреварување. Нигерија на последното првенство што се одржа во Египет успеа да го совлада ривалот во мечот за третата позиција и по неуспехот во 2015-тата повторно да се најде во самиот врв на африканскиот фудбал. Нигерија на турнирот игра во одлична форма, три натпревари во фазата по групи, исто толку победи и само еден примен гол.

На спротивната страна Тунис едвај успеа да го мине првиот круг и тоа во конкуренција на селекции каде беше прогласен за апсолутен фаворит. Тунижаните забележаа само една победа што беше доволно за влез во осминафиналето.

Дуелот на шампионите почнува во 20 часот додека за 17 е закажан почетокот на првото осминафинале во кое Буркина Фасо е фаворит во соочувањето со Габон.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе