6 милиони евра буџетски пари на граѓаните но само за гас и производство на топлинска енергија, и обврска БЕГ да ги врати догодина. Договорот помеѓу државната ЕСМ и приватните БЕГ и Скопје Север за привремено превземање од денеска е на сила.
Согласно договорите парите ќе бидат користени освен за набавка на гас и за други трошоци исклучиво поврзани со производниот процес. Гаранцијата дека граѓаните ќе имаат топли радијатори ќе зависи од одлуките на мешаниот тим директори преку врзани потписи во одлуките.
„Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот на управителите на друштвото Балкан енерџи. Сите одлуки, договори и плаќања ќе се реализираат со два потписи, односно без согласност на прокуристот од АД ЕСМ, Балкан енерџи нема да смее да врши исплати и да склучува договори,“ се наведува во соопштението од АД ЕСМ
Средствата кои ЕСМ ќе ги добие од Владата на Р. Северна Македонија за справување со кризата со снабдување со топлинска енергија, ќе ги уплатува повремено, во потребни износи, на наменската сметка која Балкан енерџи и Скопје Север ќе ги отворат согласно договорот.
Приватните снабдувачи со топлинска енергија секојдневно ќе ги префрлаат парите на наменската сметка и сите свои приливи кои им пристигаат на неивните други сметки. Трошењето на државните пари запира со прекинот на грејната сезона, но обврската потрошената сума да се врати ќе важи до догодина.
„Балкан енерџи гарантира за вложените средства добиени од страна на државата, со меница потпишана од основачот на Балкан енерџи. Враќањето на средствата кон АД ЕСМ ќе се реализира во 2023г, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за определување на трошоците за грејната сезона“, се наведувааат детали од договорот
ЕСМ уверува дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија и исти сметки на струја бидејќи и самата проивездува топлинска енергија и има ресурси и кадар во своите редови да го спроведе менаџирањето.
БЕГ има обврска да си ги плати трошоците за производство заклучно 21 јануари. Но, дали ќе бидат доволни само 6 милиони евра државни пари за топли домови на скопјани ќе зависи пред се од зимските температури, но и од цената на гасот на берзата.
6- те милиони евра пари од владата кон ЕСМ за БЕг и Скопје север следат по одлуката на Владата привремено да се превземе менаџирањето бидејќи скопјани изминатиот период реагираа дека не ја добиваат платената топлинска енергија, а приватните снабдувачи заради цената на гасот најавија неколукратни поскапувања.
Владата, пак, одлуката ја брани со фактот дека доколку не се интервенира во бизнисот со парно греење, граѓаните би се одлучиле за греење и догревање со уреди на електирчна енергија со што би се продлабочила енергетската криза и недостигот од електрична енергија од домашно производство.
Павле Беловски