Вечерва нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и студена воздушна маса од запад, која уште во текот на ноќта ќе донесе врнежи од снег најпрво на запад и северозапад. Утре во првата половина од денот речиси насекаде ќе има врнежи од снег, секако позастапени на запад и север, со формирање на снежна покривка и на пониските места. Овој снежен бран сепак кратко ќе трае, така што веќе попладне врнежите насекаде ќе престанат.
Ноќеска и утре ќе има и услови за појава на голомразица, затоа особена внимателност за оние кои што планираат да патуваат!
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/