Ковид19 Македонија

Нов рекорд на заболени, 2.269 позитивни случаи за 24 часа

Нови 2.269  ковид случаи од направени 7.038 тестови се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број позитивни, 310 се реинфекции, соопшти Министерството за здравство. Оздравени се 1420 пациенти, а починати во изминатото деноноќие се 13 лица и дополнително 11 преку Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, со датум на смрт од 3 до 16 јануари 2022.

Од новите дијагностицирани, во Скопје се 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево имаат по 33 нови случаи, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово по 13, Штип и Крушево по 11, Македонски Брод – девет, Виница и Македонска Каменица по осум, Пехчево – седум, Пробиштип, Богданци и Дојран по пет и еден новозаразен има Демир Капија.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица:  пет од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), тројца од Струмица (58г, 61г и 66г), двајца од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 11 починати лица – четири од од Гевгелија, по двајца починати од  Струмица, Струга и Кичево  и еден починат од  Богданци, во период од 3 до 16 јануари 2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи, три лица починале во домашни и осум се во болнички услови.

Од оздравените  1420  пациенти, од Скопје се 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево имаат по 22, Ресен и Неготино  по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – девет, Радовиш – осум, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод по седум, Пробиштип – пет, Демир Хисар и Виница – по четири, Македонска Каменица и Пехчево – по три, Берово, Богданци и Демир Капија – по два и по еден оздравен имаат Дојран и Дебар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка

Дејан Дејан

Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе