Вести Ковид19 Свет

Франција го усвои предлог-законот со кој се воведува пропусницата за вакцинација

Националното собрание на Франција го усвои предлог-законот со кој се воведува пропусница за вакцинација. Текстот беше усвоен во текот на ноќта со 215 гласа „за“, 58 „против“ и 7 воздржани. Опозицијата од левицата планира  две различни жалби до Уставниот совет за некои одредби од законот, кои ќе го одложат објавувањето за неколку дена, јави дописникот на МИА од Париз.

Два различни апели до Уставниот совет, вклучително и еден од Бунтовна Франција, се планирани од левицата, за да се гарантира почитување на „фундаменталните слободи“, што ќе го одложи објавувањето за неколку дена. За овој дванаесетти здравствен текст за две години првично беше предвидена само една недела расправа во Парламентот, за негово стапување на сила од 15 јануари. Времето се удвои, со многу контроверзии и повторени пресврти, кои кулминираа со изјавите на Емануел Макрон, кој одлучи да им „пречи“ на невакцинираните.

Пред последното гласање, пратениците на Бунтовна Франција го бранеа предлогот за прелиминарно отфрлање на  предлог-законот со кој, според нив, се наметнува „дигитално сортирање“ и создавање „поддржавјанство“.

Пратениците во неделата повторно опширно дебатираа за можноста за проверка на идентитетот од страна на кафеаните или рестораните, во случај на сомневање за идентитетот на носителот на пропусница, мерка која Сенатот ја укина. Оваа контрола е „правно многу неизвесна“, „во пракса неефикасна“ и нема да се практикува, тврди Гијом Лариве (Републиканци).

Десницата, сепак, го смета предлог-законот „генерално корисен“ и не се спротивставува, во согласност со поддршката за пропусницата за вакцинација на кандидатот на Републиканците за во Елисејската палата, Валери Пекрес.

Опозицијата ја повика извршната власт да „не ги меша здравствената кампања и изборната кампања“, според зборовите на Пол Молац (Слободи и територии). – Пропусницата за вакцинација е бескорисна затоа што не ја спречува контаминацијата и служи како „комуникациско средство“, изјави лидерот на комунистичките пратеници Андре Шасењ.

Пред ова финално гласање, пратениците веќе посветија повеќе од 35 часа на разгледување на текстот, посочи Ричард Феран (Републиката во марш) и претседател на Собранието.

Министерот за здравство Оливие Веран беше отсутен, бидејќи и тој е заразен од вирусот од четвртокот.

Инаку во просек за една недела дневно се евидентираат околу 300.000 нови контаминации, Владата се надева дека пропусницата за вакцинација ќе стапи на сила околу 20 јануари, по можните жалби до Уставниот совет. Тогаш ќе биде неопходно да може да се оправда статусот на вакцинација за пристап до слободни активности, ресторани и барови, саеми или меѓурегионален јавен превоз. Негативен тест повеќе нема да биде доволен, освен за пристап до здравствени установи и услуги.

Новата пропусница ќе важи само за лица над 16-годишна возраст. Малолетните лица на возраст од 12 до 15 години ќе останат под обврска да ја приложат тековната здравствена пропусница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе