Ковид19 Македонија

1.348 нови позитивни случаи на Ковид-19, осум починати

Во последните 24 часа, регистрирани се 1.348 нови случаи на Ковид-19 од направени 6.141 тестови. Евидентирани се осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените, од Скопје се 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни 1.348, регистрирани се 145 реинфекции.

Од 784 оздравени пациенти, од Скопје се 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:  4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60),  и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.141 тестови преку: ИЈЗ-314, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-123, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-142, Авицена-169, Биотек-243, Систина-104, лабораторија Лаор-389, Синлаб-19, Ремедика-1, Плодност-119, Генеа-20, Никоб Лаб-615, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-25, Ројал Медика–53, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.235.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе