Вести Ковид19 Свет

Случаите со новоазаболени од ковид во Европа достигнуваат рекордно ниво

Вкупниот број на дневни случаи откриени во 5 земји во Централна Европа надмина 851 илјади. Додека Франција и Италија се земји со најголем број случаи, најмногу смртни случаи од Ковид-19 има во Велика Британија.

Зголемувањето на бројот на случаи и смртни случаи продолжува во Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Франција е земја со најголем број случаи меѓу овие земји. Во земјава во последните 24 часа се откриени 305.322 случаи, а починале 225 лица.

Во Италија за еден ден Ковид-19 е откриен кај 184.615 лица, а починале 316 лица.

Во Велика Британија се регистрирани 109.133 нови случаи, а бројката на смртни случаи порасна на 335.

Во Германија бројот на заболени е 93.154, а 261 лица починале, додека пак во Шпанија се откриени 159.161 случаи, а починале 112 лица.

Бројот на случаи на Ковид-19 откриени во последните 24 часа во Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија е 851.385 лица.

Од друга страна, во овие земји вкупно 1.249 починале.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе