Вести Свет Спорт Тенис

Поништена визата на Ѓоковиќ – ќе биде депортиран од Викторија пред Австралија опен

Новак Ѓоковиќ наскоро може да биде депортиран од Мелбурн, само неколку дена пред почетокот на Австралија опен, откако федералниот министер за имиграција му ја откажа визата.

Светскиот број 1 слета во Австралија пред една недела, а претставниците на австралиските гранични сили му ја откажаа визата за влез во земјата бидејќи не е вакциниран.

Откако Ѓоковиќ помина еден викенд во притвор за имиграција, одлуката за укинување на визата од страна на Владата беше поништена од Федералниот окружен суд.

Но, во петокот попладне, министерот за имиграција Алекс Хок ги искористи своите дискрециони овластувања.

„Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по налогот на Федералниот и Окружниот суд согласно кој од 10 јануари е поништена претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок во соопштение.

Адвокати на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката.

Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе