Ковид19 Македонија

Нови 1.732 случаи со Ковид-19, седум починати и 1.035 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи со Ковид-19, седум починати и 1.035 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 1.732 случаи во Скопје се 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.

Од седумте починати двајца се од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Од1.035 оздравени пациенти од Скопје се 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка – по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се шест починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од шесте починати, четири се починати во болнички, а две во домашни услови.

Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а на активни случаи изнесува 15.228.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе