Вести Ковид19 Македонија Најважни

Да се продолжи распустот за две недели додека да стивне бранот на зараза, апелира д-р Петличковски

Пред два дена Комисијата за заразни болести одлучи дополнително да одлучува за почетокот на второто полугодие, во зависност од епидемиолоката состојбата.

Денес, здравствените експерти апелираат да се отстранат дилемите и сепак да се одложи враќањето на децата во училишните клупи.

Македонија се наоѓа среде новиот бран на зараза предизвикан од варијантата Омикрон и бројките пораснаа одеднаш, па деновиве беа достигнати рекорди. Сега очекувањата се дека така експресно и ќе спласне силината на бранот.

Мислам дека има логика да се одложи почетокот на учебната година бидејќи сега сме во најефикасниот момент за пренос на вирусот и мислам дека тоа ќе биде многу различно по две недели и сметам дека ќе имаме корист од одложувањето на школската година. Односно, точно кога бранот ќе почне да се намалува да не даваме нови услови за експресно негово ширење. Мислам дека треба да се размислува во таа насока – Проф. д-р. Александар Петличковски – Директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика.

А, порастот на бројот на заразени веќе се чувствува по целиот здравствен систем. Термини за тестови на државно речиси и да нема, преплавени се пунктовите за ПЦР тестови, исто како и лабораториите за правење крвни анализи.

И состојбата е таква насекаде низ државата иако Скопје како најголем град постојано е на врвот на листите. Во моментов 13.478 случаи се водат како активни, а само 1261 од нив се во Битола и регионот.

И таму како и секаде бројот на хоспитализации не е толку голем како во претходните бранови, со оглед на нешто полесната клиничка слика со која се карактеризираат најновите инфекции.

Но, медицинарите во лабораториите за крвни анализи не можат да стасаат да ги опслужат сите пациенти секојдневно.

Прегледите во двете амбуланти за сомнителни случаи и Ковид-позитивни пациенти достигнаа 173 прегледи во едно деноноќие што е енормна бројка, а имало и 250 пациенти за крвни анализи во Ковид-лабораторијата. Пациенти коишто немаат симптоми или Ковид-позитивни со случаен наод апсолутно нема потреба секојдневно да доаѓаат бидејќи се создаваат огромни гужви, се создава и револт, а капаците се ограничени – д-р. Билјана Гагачовска – Директор на ЈЗУ Клиничка Болница Битола.

На состанокот на Комисијата за заразни болести кој се одржа на 11 јануари, освен за учебната година било разговарано и за целата состојба со вирусот во земјава, но конкретни одлуки немаше ниту за скратување на времето на изолација на позитивните пациенти кои се асимптоматски случаи.

Тогаш здравствените власти најавија нова и обемна дискусија на состанок, но за некој од наредните денови.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе