Вести Свет Спорт Топ вести

Ѓоковиќ вклучен во распоредот за Австралија Опен, додека визата се уште „му виси“

Новак Ѓоковиќ е вклучен во распоредот за играње на Отвореното првенство на Австралија, но тоа и натаму не е гаранција дека ќе настапи на турнирот, бидејќи австралиската виза се уште „му виси“ односно не е одобрена. Се чека конечната одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, кој има дискреционо право да му ја поништи. Тој не се огласува веќе три дена, откако во понеделникот федералниот суд во Мелбурн ја поништи претходната одлука за укинување на визата.

Портпаролот на Хок изјави дека тој сè уште го разгледува случајот.
Но, организаторите на Австралија Опен, со еден час задоцнување го почнаа излвлекувањето и го вклучија Ѓоковиќ во ждрепката, со објаснување дека повеќе не може да чекаат, а останатите играчи треба да си ги знаат распоредите на турнирот. Прв со кој ќе игра Ѓоковиќ во првата рунда е неговиот сонародник, Србинот Миомир Кечмановиќ.
Ѓоковиќ  призна дека ги кршел правилата за изолација во Србија откако имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември и дека дал лажна изјава дека не патувал 14 дена пред доаѓањето во Мелбурн. Овој лажен исказ исто така може да биде основа за откажување виза.
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска не сакаше да коментира кога владата ќе донесе одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе