Настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен се уште е под знак прашалник. И така ќе биде барем уште еден ден, пишуваат австралиските медиуми кои тврдат дека министерот за имиграција Алекс Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на српскиот тенисер.
Најдобриот светски тенисер вчера ја доби тужбата против Австралија и доби виза за влез во Австралија, каде што веќе одигра два тренинзи за да се подготви за првиот Грен слем сезонава, но министерот за имиграција Алекс Хок има дискреција да му ја одземе визата.
Посебен проблем за Ѓоковиќ е истрагата што ја покрена федералната влада во Австралија против него, која се обидува да открие дали лажел додека го пополнувал формуларот за пријавување.
Ѓоковиќ за граничната контрола изјави дека Тенис Австралија пополнил формулар за патување во негово име.
Така, Ѓоковиќ или некој друг на формуларот посочил дека не патувал во други земји во 14 дена пред да пристигне во Австралија, а австралиските власти сакаат да докажат дека некој лажел.
За австралиските власти не би требало да биде тешко бидејќи факт е дека Ѓоковиќ тогаш, во периодот од 23 декември до 6 јануари, од Белград отпатува за Шпанија, каде на 31 декември тренираше во Марбеља.
We can confirm @DjokerNole is ready for @AustralianOpen if possible! pic.twitter.com/q9WJFzBU41
— SotoTennis Academy (@SotoTennis) December 31, 2021
Како доказ за тоа можат да се земат и бројните медиумски извештаи од Шпанија во тие денови, но и видео кое беше објавено на Твитер на една тамошна академија на денот кога Ѓоковиќ тренираше таму.
Кабинетот на министерот Хок денеска излезе со кратко соопштение.
„Во согласност со правилата, министерот Хок детално ќе го испита случајот. Со оглед на тоа што се работи за отворен случај, несоодветно е да се даваат дополнителни коментари“, велат од таму, неофицијално потврдувајќи дека одлуката нема да биде објавена денеска.
The latest from Immigration Minister Alex Hawke’s office: pic.twitter.com/rpJyt9sSp4
— Karen Sweeney (@karenlsweeney) January 11, 2022
Федералната влада инсистира дека била во право кога му ја укинала визата на Ѓоковиќ бидејќи Ѓоковиќ се заразил со коронавирусот во последните шест месеци не е оправдување за влез во земјата како невакциниран. Судот никогаш не се одлучи за овој проблем бидејќи владата призна дека не му дала доволно време на Ѓоковиќ да ги задоволи сите процедури при влезот во земјата и се повлече од спорот.