По завршувањето на неколку турнири во Австралија кои се подготовка пред почетокот на првиот Гренд слем во сезоната без поголеми измени на АТП и ВТА листите.
Новак Ѓоковиќ ја задржа предноста од скоро 2000 бода во однос на Данил Медведев. Александер Зверев ја задржа третата позиција, а меѓу првите пет и натаму се Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.
Рафаел Надал по првиот триумф сезонава остана шести, Матео Беретини е на седмото место, а осми е Каспер Руд. Феликс Оже Алиасим бележи скок од две позиции и оваа недела ќе биде деветти тенисер на светот додека најдобрата десеторка ја заокружува Хуберт Хуркач.
Кај дамите нема измени меѓу првите три места. Лидер е Ешли Барти пред Ирина Сабаленка и Гарбиње Мугуруза, а Барбора Крејчикова ја смени позицијата со сонародничката Каролина Плишкова.
На шестото и седмото место остануваат Марија Сакари и Анет Контавеит. Ига Својнтек напредуваше една позиција и сега е осма, а зад неа следуваат Паула Бадоса и Онс Жабер.