Вести Македонија Топ вести

Топ Тема – Владата и градот Скопје ја префрлаат одговорноста за студените радијатори на Скопјани

Скопјани останаа со ладни радијатори среде зима. Градските власти, менаџментот на компаниите што ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија и владата си ја префрлаат одговорноста.

Во однос на поплаките на Скопјани дека останале со ладни радијатори, градоначалничката, Данела Арсовска, изјави дека да можел градот да креира енергетски политики, досега тоа и ќе го направел.

Таа подвлече дека барем во делот што се однесува со парното греење, градот нема никаква надлежност. Таа потсети дека за жал обидот на градот да преземе дел од ингеренциите преку таканаречениот Градски Енергетски Систем, како претпријатие, за жал не добило лиценца од страна на РКЕ, што во моментов е во управен спор. Таа оцени дека со енергетската криза се соочени сите и неопходно е на национално ниво и неопходно е преку одредени мерки и субвенции да се помогне на сите категории.

Во однос на парното греење таа оцени дека има 3 компании кои самостојно ги носат деловните одлуки.

Министерот за економија Крешник Бектеши негираше дека владата единственот повикала градот Скопје и општините во неговиот состав да се вклучат единствено во креирање на мерките за да им се излезе во пресрет на граѓаните, на домаќинствата и корисниците на топловодната мрежа, затоа што само во Скопје и се користи топлинската енергија.

“Како што креиравме мерки ние како влада, во делот на директно субвенционирање на граѓани, на ранливи категории граѓани и со ниски приходи, такви мерки можеше и градот Скопје, но и општините во склоп на градот, да предвидат во усвојувањето на нивните буџети за 2022-ра година. Тоа беше целта на повикот и пораката што ја прати владата” – изјави Бектеши.

Во однос на проблемот со Скопје Север, Бектеши подвлече дека се обезбедни колични на природен гас, од Макпетрол како најголем трговец.

“Само БЕГ самостојно обезбедува количини на природен гас. Проблем е цената и ликвидноста на БЕГ, но согласно законот за енергетика, обврка на диструбутерот со топлинска енергија е да ги снабдува корисниците ” – рече Бектеши.

Арсовска реплицираше дека на денешната седница на управниот одбор на ЗЕЛС, во однос на проблемот со топловодната мрежа во општината Чаир, градоначалникот на оваа општина објаснил дека тие во однос на снабдувачот со парно греење ги исплаќа редовно и согласно договорот кој го имаат, ги исплаќа ратите за кои се договориле. Но проблемот е дека од таа мрежа се исклучуваат или доставиле барање за исклучување околу 25 проценти од корисниците,  што го оптоварува буџетот на таа компанија, вели Арсовска, и таа од деловни причини ја намалува испораката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе