Вести Свет Спорт Тенис

Австралиски медиуми: Ѓоковиќ не е уапсен. Министерот има уште 45 минути да одлучи

Откако судијата Ентони Кели од Австралискиот Федерален суд одлучи да му даде виза на Ѓоковиќ за влез во Австралија, ситуацијата ескалира и се чека одлука од министерот за имиграција Алекс Хок.

Тој е единствениот човек во владата кој може да оди против волјата на судот и сепак да го депортира Ѓоковиќ од Австралија.

Голем број фанови на Ѓоковиќ пристигнаа пред зградата во која моментално се наоѓа српскиот тенисер со своите адвокати.

Тие извикуваат „Ослободете го Ноле“ и бараат оставка од властите.

 

Сите австралиски и светски медиуми пишуваат дека министерот за имиграција Алекс Хок има рок од четири часа од судската одлука да одлучи за депортацијата на Новак Ѓоковиќ. Како што пренесуваат медиумите, министерот има уште 45 минути да донесе одлука.

Австралиската новинарка Карен Свини во текот на целиот ден го следи судењето на Ѓоковиќ и известува од местото на настанот. Таа сега тврди дека полицијата која се собрала пред зградата во која е Ѓоковиќ не е таму за да го уапси Ѓоковиќ, туку да ја чува зградата и српскиот тенисер, бидејќи се работи за ризична ситуација.

 

Австралискиот новинар пак Пол Сакал  претходно напиша дека Ѓоковиќ не е уапсен и дека министерот за имиграција има четири часа да одлучи дали ќе му ја укине визата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе