Вести Македонија

Топланата Скопје Север и натаму без греење – Скопјани соочени со млаки радијатори

Корисниците на топланата Скопје Север и денеска се со студени радијатори, а продолжуваат и реакциите на граѓани од повеќе населби во Скопје дека греењето е редуцирано временски, а радијаторите млаки.

Од БЕГ вчера соопштија дека испорачуваат согласно прописите и минималната темпeратура во домовите на нивните корисници е 20 степени.

ЕСМ Енергетика, третиот снабдувач во Скопје со околу над 3.500 домаќинства, училишта и деловни објекти, соопшти дека испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

Засега нема најави за финансиска помош од Владата, Град Скопје или Општина Чаир за нормализирање на состојбата и набавка на гас за топланата Скопје Север.

Партиските препукувања за овој проблем продолжија и денес од опозциската ВМРО – ДПМНЕ со обвинувања до Владата дека бега од одговорност, наместо да го реши проблемот и кризата во енергетскиот систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе