И по една година од формирањето, Регионалното јавното претпријатие „Русино-Полог“ се уште не започна со работа. Негова цел беше да стопанисува со депонијата „Русино“ кај Гостивар, на која треба да се одложува сметот од овој регион.
Во меѓувреме, таму треба да споведуваат брзите мерки за санирање на последиците по животната средина, но Валентина Штерјоска, како еко активист и дел од Иницијативата Стоп Русино, вели дека Русино се уште е диво ѓубриште и никој не менаџира со него.
Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами, кој е нов претседател на Советот на општините на Полошкиот плански регион, вели дека административни проблеми го кочат функционирањето на претпријатието, односно проблем се парите, кои треба да ги уплатат општините.
Штерјоска, пак, потсетува дека веќе измина една година од предвидениот рок за затворање и дислокација на депонијата Русино.
Депонијата Русино со години ги труеше гостиварци. Честите пожари и чадот, беа причини жителите од овој регион да организираат протести и блокади на патот, што резултираше со заеднички договор со надлежните за санација и изградба на стандардна депонија, а потоа и нејзино затворање.
Данијела Билбилоска