Вести Ковид19 Македонија Најважни

Дали и за „диво“корона тестирање во казино-законот предвидел најмалку 4 години затвор

Казна од најмалку 4 години затвор ќе добие здравствен работник односно соработник кој дава здравствени услуги во простор кој нема дозвола за работа.

Оваа ригорозна казна е дел од казнените одредби на законот за здравствена заштита. Но, дали ова ќе важи и за лабораторијата и за тројцата здравствени работници кои на 6-ти јануари биле фатени од инспекторатот како во казиното Кинг во Дојран вршат корона тестирање на туристи од Грција.

Од ДСЗИ на прашање дали покрај забраните за вршење здравствена дејност во казиното од страна на лабораторијата Ели медика плус ѓе има прекршочни постапки или кривични пријави, само кратко ни одговорија: Постапката е во тек, за превземените мерки ќе Ве известиме дополнително.

Кривичната предистрага пак е во рацете на обвинителството, а оттаму не даваат детали за досега сработеното освен за она што веќе е познато- дека е одземена документација од казиното и од лабораторијата и таа се проверува поради сомнежите дека грчки казино-туристи си добивале негативни тестови без тестирање.

Сомнежите ги објави грчки новинар кој покажа како изгледа делењето на негативни тестови.

Од друга страна, уште едно кривично дело од законот за здравствена заштита е поврзано со дејствијата кои ги видовме во грчкиот ТВ прилог, а тоа е доколку се внесуваат неточни податоци во информатичкиот систем за здравствените услуги или пак не ги внесе податоците за извршените здравствени услуги во кои спаѓа и корона тестирањето.

За тоа е предвидена или парична казна или најмногу едногодишна затворска казна.

Инспекторатот вчера соопшти дека на 6-ти јануари биле евидентирани 7 лица дека биле тестирани во казиното, но не соопшти дали истите биле заведени и во централниот систем на Институтот за јавно здравје.

Од МВР за Телма веќе потврдија дека не само за дојранското казино Кинг Еуропе, туку слични сомнежи имало и за други казина и коцкарници на јужната граница и дека и таму се вршат проверки што се случувало со тестирањето на луѓето кои доаѓаат да ја проверат среќата на бројните покер апарати на југот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе