Вести Ковид19 Свет Тенис

На 1.јануари австралиското МВР го известило Ѓоковиќ дека ги исполнува критериумите за влез без вакцинација поради прележана корона во декември

На 1.јануари австралиското МВР го известило Ѓоковиќ дека ги исполнува критериумите за влез без вакцинација поради прележана корона во декември.

Објавени се судските документи во случајот Ѓоковиќ кому Австралија му ја поништи визата за учество на првиот тениски гренд слем во Мелбурн.

Според судските документи, Ѓоковиќ бил позитивен на корона на 16-ти декември, а две недели подоцна немал никакви симптоми.
Неговите адвокати ги поднеле и документите од двете независни медицински тела кои по анонимизирано барање му дозволиле медицинско изземање од правилото за задолжителна вакцинација.

Адвокатите на Ѓоковиќ навеле и дека австралиското МВР на 1-ви јануари го известило најдобриот светски тенисер дека е прифатено неговото барање и дека ги исполнува критериумите за влез во државата Викторија без обврска за задолжителна вакцинација поради исполнетите услови на комисијата за имунизација.

Овие документи за првпат откриваат дека Ѓоковиќ бил заразен по вторпат (првпат имаше корона во јуни 2020-та). За разлика од тогаш , новото заразување не беше објавено во јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе