Според најновата анализа на Институтот за фудбалски истражувања од Швајцарија, Елиф Елмас е меѓу петте највредни играчи во Серија А.
Според Институтот, македонскиот репрезентативец е проценет на 75,1 милион евра со што се потврди вредноста која беше објавена пред неколку недели. Прв во Италија е Лаутаро Мартинез кој на пазарот вреди 93,4 милиони, а зад напаѓачот на Интер следуваат неговиот тимски колега Николо Барела и напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза.
Меѓу десетте највредни играчи во Серија се наоѓаат уште тројца играчи на Старата дама, Мануел Локатели, Матајс Де Лихт и Дејан Кулушевски, а листата ја затвораат Тео Ернандез од Милан и Алесандро Бастони.
ФОТО: Игор Паневски