Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлична сезона во дресот на Наполи. По неговите блескави игри го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.
Најгласните шпекулации доаѓаат од Англија, поточно од таборот на Лидс јунајтед. Премиерлигашот предводен од Марсело Биелса сезонава има сериозни проблеми на резултатски план и се чини ќе води битка за опстанок во елитата. Поради тоа менаџерот побарал засилувања во зимскиот преоден рок, а Елмас е една од желбите на Лидс.
Македонецот во летото 2019 година направи трансфер од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра, но неговата цена моментално е многу повисока. „Трансфермаркт“ го проценува нашиот репрезентативец на 24 милиони евра, но доколку Лидс сака да го ангажира ќе мора да плати барем двојно од оваа сума.