Свет Спорт

Тестирање на аеродромот во Пекинг на секој учесник на Олимписките игри

Меѓународниот аеродром во Пекинг ја започна процедурата за аеродромска контрола на учесниците на Олимписките игри. Покрај здравствениот сертификат секој спортист ќе биде дополнителни и тестиран на аеродром, но нема да го чека резултатот.

Зимските олимписки во Пекинг треба да бидат отворени на 4-ти февруари, движењето на учесниците на Олимпијата е строго ограничено, а со возила ќе бидат пренесувани од Олимпиското до местото кадешто ќе се одржуваат натпреварите.

  • Откако патниците ќе влезат на Т3Д терминалот на аеродром, мораат прво да покажат здравствен сертификат со QR код. Потоа поминуваат низ премин за безконтактно мерење на температурата во простор за земање брисеви, од каде учесниците на Олимпијадата можат директно да одат на гранична контрола без да ги чекаат резултатите од тестот. Од вторник 00 часот сите учесници на Олимпијадата можат да поминат низ задолжителната процедура на влез со своите лични податоци и картите за каредитација. Под претпоставка дека луѓето носат голем багаж, како што се боб санки или друга опрема, ќе можат да им ги предадат на тимот за логистика, кој опремата ќе ја испорача до директната дестинација. Патниците треба само својот личен багаж да го носат во автобусот до Олимпиското село, изјави Ванг Јанлинг, менаџер на аеродромот Капитал во Пекинг.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе