Спорт Фудбал

Ливерпул побара одложување на дуелот со Арсенал

Ливерпул испрати формално барање да се одложи дуелот со Арсенал закажан за во четврток во рамки на полуфиналето во Лига Купот.

„Црвените“ денеска не тренираа во својот камп поради зголемен број на позитивни случаи на Ковид-19. На дербито со Челси изминатиот викенд во Премиерлигата, Ливерпул настапи без голманот Алисон, Жоел Матип и Роберто Фирмино, кои беа позитивни, како и менаџерот Јирген Клоп.

Овој тим има сериозен проблем да состави тим, бидејќи во следните две до три недели нема да може да смета ниту на Садио Мане, Мохамед Салах и Наби Кеита, кои ќе играат за своите репрезентации на Африканскиот куп на нации. Ливерпул нема 14 здрави играчи и голман, па не ги исполнува условите за настап на еден официјален натпревар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе