Вести Македонија Најважни

За Нова Година почна сеча на дрва на спорниот плац на Водно иако Центар ќе го даде контроверзниот ДУП на проверка во инспекција

Предновогодишното утро не ја сопре градежната офанзива на Водно и ги рзбуди локалните жители кои открија дека инвеститорот Маркеза почнал да ги сече дрвата. Снимките се објавени и на фејсбук, а на нив се гледаат двајца дрвосечачи кои со рачна пила сечат стебло, додека трето лице се движи во оградениот простор.

Локацијата се наоѓа на ридот Големо Курило и жителите со денови алармираат дека се подготвуваат градежни активности и сечење на шума на Водно во тој дел.

Дури и слепата улица ќе се продолжува за да се има пристап до новата во ДУП-от претставена како семејна зграда која има две подземни нивоа во внатрешноста на Водно и паркинг за 20 автомобили, соопштија жителите.

Видеото од сечењето може да го погледнете на следниот линк.

 

 

По барање на советничката група „Шанса за Центар“ Општина Центар на вчерашната седница одлучи дапобара од Државниот инспектрат за урбанизам и градежништво да изврши вонреден инспекциски надзор на Деталниот урбанистички план Ј07 за Водно и Капиштец. Барањето на „Шанса за Центар“ доаѓа во име на жителите на улиците Питу Гули, Козара и Салвадор Аљенде на Водно.

Уште една шума на Водно падна пред пилите на градежните инвеститори

Пред неколку дена приватната фирма „Маркеза“ почна да оградува просторот среде шума за да гради куќа откако добила дозвола за градба од минатото раководство на Општината.

Под итно треба да се сопрат градежните активности на Водно на оваа парцела, барале граѓаните, но утрово сепак инвеститорот почнал да сече дрва на оградената парцела која е во соседство на земјиштето за кое се води судскиот предмет Плацеви на Водно.

Не гради туку оградува, градежната инспекција на Општина Центар на терен откако жителите алармираа за нова сеча дрва на Водно

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе