Вести Македонија

Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди препорачуваат од службата за Итна медицинска помош

Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хронично болните редовно да ја земаат терапијата, препорачуваат од Службата за Итна медицинска помош и од Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

– Алкохолни труења може да се случат и кај децата на возраст под 18 години. Тие не треба да консумираат алкохол. Продавниците не треба да продаваат алкохол и цигари на деца под 18 години. За жал некаде и родителите им купуваат алкохол на децата. Порано немаше, но сега во продавниците има и безалкохолен шампањ, рече Бубало.

Таа посочи дека Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти.

– Од утревечер од 19:30 до понеделник до 7:30 ќе работат дежурните служби, амбулантите во рамки на здравствените домови односно што се под ингеренции на Службата за ИМП. Има седум дежурни амбуланти при поликлиниките „Бит Пазар“, „Ченто“, „Драчево“, „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Шуто Оризари“. Во рамки на Службата за ИМП е и домашната посета и таа ќе работи нормално како и секој викенд, додаде Бубало.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе