Култура

Се реорганизира и уредува депото во Музејот на македонската борба за самостојност

Согласно Законот за музејска дејност, во Музејот на македонската борба се работи на реогранизација на музејското депо,формирање нови музејски збирки со класификација на предметите и дефинирање на главните воведни текстови во поставката. Ова се приоритети на Музејот на македонската борба за самостојност, а во таа насока, низ годината се работеше на уредување на просторот на музејот и депото.  Тоа е процес што ќе овозможи хронолошко- историски наративни објаснувања и едукација на посетителите, велат од  музејот.

  • Нашата перпектива е модернизирање и проширување на опсегот на нашите активности, како што музеите во модерно време ги цртаат своите перспективи, привлекуваат и едуцираат се повеќе “корисници“ . Затоа се стремиме кон подобрување на пристапноста и инклузивноста кон преставување и раскажување на сеќавањата за историските настани и случувања во 19 и 20 век, вели директорката на музејот, Даниела Николова.

Една од внатрешните организациони содржини во овој период е насочена кон посточките артефакти и колекции, за да се постават во соодветните формирани музејски збирки и на тој начин да им се овозможи на посетителите целосен увид и достапност до музејските предмети и колекции. А, формирањето на музејските збирки е основа за понатамошното датирање и класифицирање на материјалот.

Одредувањето на главните воведни музејски теми во постојаната музејска поставка, е со цел да се овозможи на посетителите преку нарација да стекнат јасна престава за историските збиднувања. Работниот тим на кустоси од Музејот работи на одредување на воведните ( главни ) теми кои ќе овозможат јасна одредница во поставувањето на наративот зашто една од најчестите барања на посетителите и публиката е потребата од воведни наслови во поставката кои ќе ги насочат кон подтеми или поднаслови, вели директорката Николова.

  • Тоа ќе овозможи дополнителни истражувања кои најпрво ќе бидат спороведени кај нас ,а потоа работниот тим од Музејот ќе истражува во другите институции. Со дел од нив склучивме меморандуми за соработка. Тоа се Државниот Архив, Музејот на Р.Северна Македонија, Кинотека, МАНУ, ИНИ и други научни институции, објаснува Николова.

Во процесот на реорганизирањето на музејското депо , дефинирањето на музејските збирки и дефинирањето на главните, воведни теми предвидени во музејската поставка, се вклучени кустосите од Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи тимски во делот на  документација, конзервација, донации, изложбени активности, публикации и промоции.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе