Вести Македонија

Еколошки инцидент во рудникот „Булмак“, во Пробиштип востановил Државниот инспекторат за животна средина

Над 150 вонредни инспекциски надзори за загадувањето на животната средина се направени во изминатиот месец. Во рудникот Злетово, поточно бугарската компанија Булмак од Пробиштип е утврден еколошки инцидент каде што е забележано истекување на јаловина. Постапката продолжува да се води во Министерството за животна средина.

Истиот субјект е задолжен да направи санирање на еколошкиот инцидент и е покрената постапка за прекршоци од трета категорија каде е предвидена казна од 100.000 евра. Во однос на актуелното загадување на воздухот ние направивме контрола на скоро сите субјекти како што се Макстил, Цементара, Дрисла итн во Скопје и големите енергетски компании речиси секаде има направено мерења согласно интегрираните технолошки дозволи. Немаше отстапување во однос на зададените параметри во интегрираните технолошки дозволи, изјави Сретен Стојковски, в.д директор на ДИЖС. 

Претстојната година се планирани 6 нови вработувања во Инспекторатот, сепак дали е тоа доволно на терен за навремено да се контролира.

Согласно систематизацијата имаме предвидено 41 инспектор, пополнетоста во моментот е околу 48 отсто, значи околу 20 инспектори. Потребни се нови инспектори, но бидејќи оваа година имаме обезбедено средства само за толку вработувања – за тројца инспектори, ние побаравме да се вработат тие за да можат, бидејќи постоечките инспектори веќе се во зрели години и пред заминување од оваа институција – пензионирање за да има време да ги обучат барем тие двајца млад, Стојковски.

Во насока на загадувањето на воздухот во втората половина на оваа година на веб страната, поточно на фејзбук профилот во порака се регистрирани 145 пријави на граѓани, но само една четвртина се однесуваат на предмети и субјекти во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе