Вести Македонија

Директорот на МКЦ, Русе Арсов си поднесе оставка

„Се повлекувам од функцијата вршител на должност директор на јавната установа Младински културен центар. По три ипол години, премногу љубов, страст и жар не издржа срце јуначко, па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција“, соопшти Русе Арсов директорот на  Младинскиот Културен Центар.

Во оставката Арсов истакнува дека вчера бил претежок ден, бидејќи од медиуми дознал дека има предлог за гонење, а во исто време пристигнала и веста за наградата за успешното работење преку намалување на буџетот за програма за 50%.

Во оставката тој потсетува на сработеното во последните години:

Последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона“,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен.J Секако ги реализиравме фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади…  Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ . Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена… Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта…

И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета!

Арсов истакнува дека МКЦ и покрај пандемијата, кога, како што вели, сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, и кога сериозно беа намалени дотациите за режиските трошоци, успеа со максимум од своите можности да ја даде својата поддршка на целата независна сцена – и на крај повторно да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење. Па така, во следната јубилејна година да пренесе сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, и уште толку се’ уште ненаплатени побарувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе