Вести Македонија

Бројот на бездомници порасна за 50% последниве 3 години

Скоро половина живот го поминал како бездомник, а има 33 години. Цветан Стојчевски имал дом и семејство, но останал на улица, откако родителите му се развеле.

Ние порано живеевме под кирија, но откако се оставија тие, ние останавме на улица. На улица бевме 15 години, ама сега сум моментално сместен во Чичино Село, изјави Цветан Стојчевски- штитеник во Центарот за бездомници во Чичино Село.

Поради престојот во Центарот за бездомни лица во Чичино Село, Стојчевски нема право на социјална помош. Не работи и питачи по улиците. Тој по четврти пат ја прими хуманитарната помош на пунктот во Момин Поток, што се состои од топла облека и новогодишен ручек, која традиционално, претпразнично беше поделена  на 160 бездомници од Црвениот Крст.

 

Многу ни се потребни ваквите работи, особено во зима за да се стоплиме, вели Цветан Стојчевски- штитеник во Центарот за бездомници во Чичино Село

Стојчевски е еден од 250 регистрирани бездомници во главниот град. Таа бројка е зголемена за 50% последниве 3 години, во однос на периодот од 2008 до 2019, кога биле 100-тина, велат од Црвениот Крст.

Откако се појави пандемијата во 2019 година оваа бројка од 100 порасна на 150 бездомни лица. Така што процентот некаде е за 50% зголемен, рече  Драгана Лазаревска –координатор на програма за бездомци и при Црвен Крст на Град Скопје.

Цветан се надева дека ќе биде меѓу 15 бездомници на кои Црвениот Крст им најде работа последиве години. Тој сепак е среќен што има кров над глава, за разлика од други бездомници, за кои во студените денови што доаѓаат пунктот ќе работи секој ден во неделата, а не како до сега само среда и петок.

На пунктот во Момин Поток денеска Бугарската амбасада во Скопје подели пакетчиња за 40 деца на бездомници, на возраст меѓу 5 и 15 години.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе