Вести Македонија Најважни

МВР го истражува случајот со новата „Јавна соба“

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат интимни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија. До сега се споделени повеќе од 60 фотографии и 14 видеа. Дел од содржините кои ги објавуваат веќе ги коментираат.

Во групата дел од членовите се под псевдоним, а дел се со име и презиме. Групата за еден ден брои повеќе од 260 членови, но се гледа дека се бара поголема масовност и опции како да се дојде до нови членови.

Од МВР велат дека веќе се запознаени со случајот и веднаш постапуваат и за оваа нова група. За неа е известено и обвинителството и повикуваат жртвите доколку се препознаат да пријават во полиција.

Инаку Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм. Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО поднесе обвинение за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија против двајца  Дарко Костовски и Михаил Паневски на кој им се суди додека се во притвор. Тие беа креаторот и администратори на првата група. Поради случајот и инертната постапка на надлежните истражни органи кои не можеа да ги откријат оние што злоупотребуваат лични податоци и состојби, пред се на девојки и жени, беа одржани повеќе протести од организацијата за заштита на човековите права.

Билјана Николовска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе