Претседателката на МАСИТ Анета Антова Пешева во вечерашното гостување на Топ тема оцени дека во Македонија нема ниту „д“ од дигитаизација. Вели дека се потрошени многу пари, но ништо не е направено во јавната администрација, за разлика од приватниот сектор.
Државната админситрација ја нема дигитализациајта затоа што секое министерство си е држава за себе. Не само што не се поврзани меѓу себе, тие фактички и не даваат податоци на друг. И тоа е многу интересен момент. Имате матични книги и изводи, како може да ми го згрешат името во изводот? А вадам пасош, лична карта? Значи ние немаме основ. Дури министерот Манчевски тоа го увиде проблемот и дури закон во Собранието донесе дека институциите мораат меѓусебно да разменуваат податоци, вели претседателката на МАСИТ.
Според неа решавањето на овој проблем може да биде направено само со мапирање на дигитализацијата во администрациајта.
Значи треба да се види дали системите се компатибилни, како да се стават во еден систем, па не сме ние кој знае колкава држава. Тоа е навистина проста работа за инжењерите. Во Македонија има околу 2.000 ИТ компании, 89 проценти од нив работат само за странство. Само десетина компании работат за македонскиот пазар, посебно за дигитализација на администрација тоа е мисловна именка, вели Антова Пешева.
Таа тврди дека мора да се направат законски измени во кои ќе се земе во предвид овој капацитет кој го имаме во државата а не е искористен.