Македонија

Скопјани не ги оставаат колите за да се возат бесплатно во автобус

Истите навики на скопјани и денес го создадоа препознатливиот метеж на улиците. Помина првото утро со брзите мерки против аерозагадувањето, со траење сè додека Скопје не се симне од врвот на црната листа со најзагадени градови. Меѓу таквите мерки е и бесплатниот јавен превоз, кој се чини не ги поттикна граѓаните утрово да не влезат во своите автомобили и наместо тоа, со автобус бесплатно да стигнат до каде што тргнале. Дури и граѓаните коишто редовно се возат со автобус сметаат дека ваквата мерка е бесполезна затоа што не чуле некој да се откаже од комфорот на своето возило заради јавен превоз.

Скопје веќе со денови се гуши во смог. Според веб-страницата Ај-Кју-Ер (IQAir) вчеравечер главниот град беше и најзагедениот европски град. Токму поради ова од Град Скопје објавија официјални препораки против загадувањето. Наведено е дека се бара од инспекторите засилено да вршат надзор на инсталациите под надлежност на Градот, да се ограничат градежните активности и интензивно да се контролира работата на градилиштата и концентрацијата на прашина од возилата кои се на градилиште. Ова се интервентните мерки, меѓу кои бесплатниот јавен превоз кој сепак привлече најголемо внимание во јавноста.

Ова не е првпат надлежните да се одлучат за бесплатен јавен превоз како мерка против аерозагадувањето. Сепак, остануваа прашалници – колку сето ова ќе ги поттикне скопјани наместо со автомобил, да се возат со автобус.

Град Скопје препорача и откажување или одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено. Оваа и сите други мерки од Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух ќе бидат во сила сè додека мерните станици не покажат помалку од 100 микрограми на кубен метар, концентрација на штетните честички.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе