Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска во 2022 ќе ги проверува имотните листови на судии, обвинители, но и на директори на ЈП и претседатели на совети

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно планот за проверка на имотната состојба во 2022-ра година ќе ги проверува податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство.

Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директори на јавни претпријатија.

Составен дел на планот, информира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е и акциски план за проверка на имотната состојба и судир на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт.

Според Ивановска, овие области се оценети во последните години како ризични во однос на перцепцијата на граѓаните во разни анкети или нивни искуства за коруптивните дејствија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе