Вести Македонија

Не гради туку оградува, градежната инспекција на Општина Центар на терен откако жителите алармираа за нова сеча дрва на Водно

-По извршениот увид од страна на овластен градежен инспектор, постапувајќи по Законот за инспекции, утврдено е дека инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ не врши градежни дејствија, туку се работи за оградување на плацот, кој е во негова приватна сопственост, соопшти општина Центар по денешната инспекција на Водно откако жителите во близина на ридот Големо Курило алармираа дека почна сечење на уште еден шумски простор на скопската планина.

Општина Центар информира дека ќе изврши консултации со засегнатите страни и дополнително ќе се разгледа проблемот и заедно со надлежните институции, Градот Скопје и во соработка со жителите ќе се бара решение за состојбата во овој дел од општината.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар излезе на терен, по реакциите на жителите од улицата „Питу Гули“ и околината, за наводен почеток на градежните работи на Водно, соопштија од општината.

Согласно инспекцискиот надзор, од општината соопштија дека е утврдено оти инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ, поднел барање за издавање  дозвола за градење на 17.12.2020. Градежната дозвола му е издадена на 7.4.2021, а станала правосилна на 8.6.2021 година, потпишана од поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Уште една шума на Водно падна пред пилите на градежните инвеститори

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе