Македонија

Екс министерката Канческа Милеска меѓу наводните добитници во спортска обложувалница, некој и ги украл личните податоци

Има ли шема за кешот од кладилниците да се „пере“ со помош на кражба на лични податоци.

Милион и 60 илјади денари или околу 20 илјади евра биле откриени во годишната пријава за 2018-та кај сопругот на екс министерката Елизабета Канческа Милеска. Но таа овие пари не ги пријавила во антикорупциската комисија која ги проверувала имотните состојби на поранешните функционери. Кога ја прашале зошто, одговорот бил дека таква добивка нема.

Но ова не е прв пат да се открие дека некој ги употребил податоците од личните карти кои се даваат во кладилниците или казината при исплата на добивка, поради тоа што добитникот плаќа данок на тие пари. Но за ДКСК ова веќе станува сериозно и од таму повикаа обвинителството да отвори истрага за можно перење на пари.

Истрага веќе отворила Управата за финансиско разузнавање и ветила дека ќе го извести и обвинителството. Од ДКСК пак апелираа доколку граѓаните забележат сомнителна исплата на данок од игри на среќа во нивните даночни пријави веднаш да пријават во обвинителствата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе