Македонија

Во старо-новиот состав на СДСМ, дел од јавноста гледа враќање на скопското крило во партијата

Откако струмичкото крило го напушти кормилото на партијата, СДСМ синоќа доби нова етикета-дека се рескопјанизира, поточно дека на површина избива партиската организација од Карпош. Ова е и матичен огранок на новиот претседател, Димитар Ковачевски, а оттаму доаѓаат и новиот генерален секретар, Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев, како и ново-стариот член на Извршниот одбор, Андреј Петров. За член на Централниот одбор беше избран уште еден човек од овој огранок, универзитетскиот професор Леонид Наков. Но, на прашањето, дали се обидува да издејствува доминација на огранокот од кој доаѓа, Ковачевски синоќа негираше.

Според него, новото раководството во СДСМ е направено врз основа на родова еднаквост и планските региони во државата.

Но, во новиот Извршен одбор на партијата, после Карпош, доминираат кадри од Центар, од каде доаѓаат членовите Милена Стефановиќ и Нина Фити, како и новиот организациски секретар Вангел Андрески.

Од Центар е и заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, од Кисела Вода се старо-новите членови Дарко Каевски и Тања Томиќ, од Аеродром е Рената Јајовска, а од Ѓорче Петров Костадин Ацевски.

Што се однесува до внатрешноста, во новото извршно тело на партијата се Костадин Костадинов од Струмица,  Даниела Колева од Штип, Мелиса Ценовска од Тетово, Дритан Исмаили од Гостивар, Ивона Кузмановиќ од Куманово и Никола Рилак од Охрид. Новиот потпретседател Перо Костадинов е од Валандово, а Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола.

За аналитичарите, нема значење на чија клика или струја припаѓаат, важно е да се компетентни.

Партијата, вели Трошановски, не може да си дозволи луксуз да продолжи како досега.Неслушањето на потребите за неселективна правда и борба против корупцијата ќе значи пораз на следните избори и долго време останување во опозиција. Оттаму, за него е очекувана чистката на најблиските партиски соработници на Заев, како Мила Царовска, Венко Филипче, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски

Без позициите во Извршниот одбор останаа и девет члена, кои важеа за блиски до Заев. Меѓу нив се и кумашинот Мухамед Зекири, ракометарката Андријана Будимир, актуелниот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Нови лица се деканот на факултетот за архитектура Мишко Ралев и советникот во кабинетот на Филипче, Дритан Исмаили, а по долгогодишна партиска неактивност во СДСМ се враќа и професорот од Еконскиот факултет Игор Ивановски-Шема. Во партиските тела влегоа и Нина Фити, ќерка на академик Таки Фити, како и директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНР му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе