Феран Торес од денеска и официјално е нов фудбалер на Барселона. Шпанскиот репрезентативец се врати во татковината по 18 месеци поминати во Манчестер сити.
Каталонскиот гигант ќе плати обештетување од 55 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси за поранешниот фудбалер на Валенсија.
Останува отворено прашањето од каде Барселона ќе ги најде овие пари со оглед на фактот дека по летниот преоден рок имаше проблеми да ги регистрира новите засилувања како Мемфис Депај, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, кои дојдоа во клубот без обештетување.
Капитените Џерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба се согласија на 25 отсто помала плата за новите фудбалери да можат да бидат регистрирани. Токму поради финансиите мораше да си замине и Лионел Меси.