Агенцијата за управување со одземен имот нема да се откаже од продажбата на „Славија“ иако во моментов постапката е превремено стопирана. Директорот Фатон Асани тврди дека постапката за продажба не била избрзана туку планска бидејќи некогашниот гигант ги исполнува сите услови за стечај и со евентуално прогласување државата би ги загубила парите од продажбата.
Според Асани, Агенцијата е мора да ги продава имотот и акциите со кои располага и да го полни Буџетот, а тоа е нотирано и во сите ревизорски извештаи, па затоа покрај „Славија“ огласени на аукциска продажба се уште 10 други компании.
„Агенцијата има должност да ги упаричува имотот и акциите. Да го полни Буџетот. Препораките на овластените ревизори се да се продаваат акциите и имотот со кој располагаме“
Асани останува на ставот дека ги продава само акциите на „Славија“ иако купувачот станува сопственик на целиот имот но и на долговите кон доверителите и поранешните вработени.
Акциите на „Славија“ се проценети на 51 евро, исто како при нејзиното трансформирање во АД, според Правилникот на Агенцијата од 2013 година а Асани е убеден дека на аукцијата би се постигнале далеку повисока сума од почените 218 илјади евра.
Проценките на моменталната вредност и податоците за имотот со кој располага на „Славија“ ги има раководството а не Агенцијата исто како и висината на долговите кон доверителите и 136 вработени.
Според информациите на Телма, долгот кон поранешните вработени е 186 илјади евра без законските банкарски камати од 1996 година што занчи дека е десеткратно поголем а кон доверителите околу 3,5 милиони евра.
Управната зграда и магацините според слободните проценки вредат околу 10 милиони евра а во тек се потапки за легализација на имот.
Славија во моментов има годишен приход од околу 800 илјади евра од кирии. Со ови пари се исплаќаат триесетте вработени и директорот, се плаќаат тековните трошоци и се одржува имотот.
Огнен Чанчаревиќ