Вести Магазин Свет

Божиќ пристигна во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија, земјата во која се наоѓаат двете најсвети џамии на исламот, е навидум изменета земја под културната револуција на престолонаследникот Мохамед Бин Салман, дозволувајќи им да се одржуваат различни настани од модни ревии до филмски фестивали низ кралството.

Неодамна, новогодишните елки, од кои некои беа по цена од околу 3.000 долари, изненадија многу саудиски граѓани низ кралството, бидејќи Ријад покажува колку е толерантен кон немуслиманските верски празници. Кралството од минатата година почна да ги олеснува ограничувањата за божиќните прослави.

Божиќ долго време е контроверзно прашање низ исламскиот свет бидејќи поконзервативните муслимани го гледаат како дел од културниот колонијализам на Западот.

Во минатото, Ријад ги забрануваше сите неисламски прослави во јавноста, бидејќи официјалната вехабистичка религиозна идеологија на земјата го сметаше тоа како форма на богохулење.

„Сега, божиќното празнувње навлегува во Саудиска Арабија бидејќи социјалните ограничувања се намалуваат под престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој сака Саудијците малку да се забавуваат и да трошат повеќе пари дома и има потреба од странци да уживаат во живеењето овде доволно за да останат и да помогнат во изградбата на нови индустрии кои не се поврзани со нафта“, објави Волстрит журнал од Ријад.

Саудиските супермаркети сега се полни со новогодишни елки, некои многу скапи, како и други продажни предмети поврзани со празникот, бидејќи верската полиција во земјата ги избегнува божиќните купувачи.

Во октомври, кралството учествуваше и во прославите на Ноќта на вештерките, настан од англосаксонско потекло, кој комерцијално се прошири во неколку други земји.

Но, Дедо Мраз сè уште не може да ѕвони во Саудиска Арабија. „Тие се само строги со Дедо Мраз“, рече локален продавач, мислејќи на верската полиција во земјата.

Според новите реформи, Саудијците ја прифаќаат глобалната култура предводена од Западот од поп-ѕвезди до спортски настани, но не е јасно дали овие промени се само козметички или не, бидејќи критиките кон досиејата за човекови права во земјата продолжуваат да се натрупуваат.

Минатиот месец, Канаѓанецот Џастин Бибер настапи во Џеда пред голема публика додека познати модели како Алесандра Амбросио и Сара Сампајо им моделираа нови дизајни на клиентите на модните ревии. Кралството, исто така, беше домаќин на филмскиот фестивал на Црвеното Море, на кој беа прикажани многу филмови дури и од земји како Иран, земја што е во спор со Кралството.

Оваа година, саудиските власти дозволија дури и филмови како „Father Christmas is Back“ да се прикажуваат во кралството. Од 2018 година, на саудиските кина им е дозволено да прикажуваат меѓународни филмови.

Некои муслимански интелектуалци долго време ги критикуваа промените како „пластични“. Според Сериф Мардин, водечки турски интелектуалец промените одозгора надолу, кои не се грижат за вредностите и обичаите на обичните граѓани, се соочија со отпор на народот, што доведе до појава на религиозно инспирирани групи низ исламскиот свет,.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе