11- те милиони евра во имот се стекнати легално и не се сите на Сашо Мијалков. Вака неговите адвокати го бранат пред јавноста пред која велат се прави лажна перцепција за екс началникот на УБК кој во моментов е во притвор поради обвинението за предметот познат како Плацеви на Водно. Неговата гаранција велат е чиста.
Во средата апелациониот суд ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра на Мијалков со која тврди дека нема да бега и тој требаше да излезе од притвор кој му беше одреден за предметот Трезор. Но уште истиот ден обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара нов по предметот плацеви на водно, па основниот суд го прифати. Во решението кое го донесе кривичниот суд напишал.
Обвинетиот Сашо Мијалков во еден подог период ја извршувал функцијата директор на УБК преку која функција создал блиски врски со поголем број лица вработени во разузнавачки и контраразузнавачки служби во регионот, но и со разузнавачки служби во Израел. Ваквите познанаства му овозможувале реално да побегне од државата без патна исправа во секое време.
Поради ваквото решение адвокатите веќе го известиле и израелскиот амбасадор во Загреб кој е надлежен и за Македонија. Но реагираат и на тоа што во рок од само 4 часови беа донесени две различни одлуки за притвор од два различни судови. Го повикаа државниот обвинител да реагира на пшишувањата на Министерот за правда маричиќ.
Мијалков со второто решение на Кривичниот суд остана во притвор во кој е од февруари годинава. но сега се чека одлука по жалба која треба да ја донесе Апелациониот суд, истиот кој претходно ја прифати гаранцијата.
Билјана Николовска