Вести Македонија Топ вести

Како ќе функционира извршната власт во оставка?

Министрите во Влада, пратениците во Собрание. Наредните дваесетина дена, колку што веројатно ќе чекаме за избор на нова Влада, министрите нема да доаѓаат во Собранието и нема да ги застапуваат новоусвоените закони. Пратениците ќе разгледуваат свои предлози, меѓу кои и годишниот план за нови  вработувања во Парламентот, што ќе ги одобрува лично спикерот.

Ваков план има Собранието, откако изгради мислење дека не треба да има пратенички прашања бидејќи Владата е во оставка.

Професорот по уставно право и политички систем, Борче Давитковски, не се согласува.

Објаснува дека Владата има континуитет во својата работа. Министрите и замениците министри се во оставка, но продолжуваат со извршувањето на сите свои обврски.

Давитковски предупредува дека актуелната состојба на здравствен и на енергетски план не дозволува нефункционалност на институциите.

Од Владата воопшто не спорат дека ќе продолжат со работните обврски. Наредната недела се планира уште една работна седница.

На минатата седница, два дена пред оставката, беа утврдени повеќе предлог закони и именувани нови директори.

Во релацијата Влада-Собрание, единствено беше прескокнат институтот пратенички прашања. Спикерот Талат Џафери објасни дека иако Деловникот не забранува, пратенички прашања не се одржуваат во време на изборна кампања, па и во период на Влада во оставка, бидејќи таа ги извршува своите обврски само технички.

За ваквото толкување, Џафери доби целосна поддршка од пратеничката група на СДСМ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе