Вести Македонија Топ вести

Адвокатите на Мијалков ќе го известуваат и Израел за судските одлуки во кои се спомнати и израелските тајни служби

4-цата адвокати на Сашо Мијалков денеска пред скопскиот кривичен суд информираа дека до израеслкиот амбасадор во Загреб кој е надлежен и за Македонија упатиле писмо со известување за последното судско решение за определен притвор на Мијалков.

Адвокатите очекуваат јавно обраќање од израеслкиот дипломат откако судот наведе дека постои опасност за бегство на  Мијалков затоа што поранешниот директор на УБК има коненции со тајни служби, а единствено израелските беа посочени директно.

Од обвинителството не ги коментираат наводите на одбраната на Мијалков кој една деценија беше директор на тајната служба УБК. Откако пред три дена Апелација му го укина притворот за Трезор поради понудена гаранција од 11,1 милиони евра во недвижнини, истиот ден реагираше обвинителството и побара и доби нов притвор од скопскиот кривичен суд.

Мијалков веќе е осуден во прв степен на 20 години затвор за предметите Тврдина таргет и Трезор, а во моментот има уште неколку активни судски процеси против него.

Поранешниот директор на УБК во февруари, два дена беше на меѓународна потерница затоа што не го прими решението за домашен притвор и го немаше никаде што беше прогласено за бегство.

И покрај таквите постапки, ист судски совет на Апелација кој во јуни му го одби барањето да биде пуштен од притвор со двоцифрена евро милионска гаранција, сега го прифати и го осолободи од притвор.

Потоа од министрите Маричиќ и Николовски следуваа обвинувачки пораки до судиите кои го пуштија Мијалков од притвор- што за одбраната е чист доказ за политички притисок и влијание врз судството кое е независна власт.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе