Осум дневен притвор му одреди струшкото Обвинителство на 57 годишниот професор по англиски јазик од гимназијата „Ибрахим Темо“ во Струга кој вчера физичка нападна ученик и му нанесе повреди на главата.
Обвинителството поведе постапка против професорот за кого постои основано сомнение дека стоирил кривично дело насилство.
„Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се наведува во соопштението од ОЈО Струга.
Претходно, во текот на денешениот ден пред Основниот суд во Струга соучениците на нападнатиот ученик протестираа, револтирани од инцидентот и побраа да запре насилството, а професорот да биде казнет
-Бараме казна, стоп за насилството, извикуваа учениците.
Инцидентот се случи вчера пред почетокот на втората смена, кога професорот по англиски јазик со метален боксирач го нападна 18 годишниот ученик.
Потоа се сокрил во кабинетот за да го избегне бесот на другите ученици кои сакале да го нападнат.
Повреденото момче, пак другарите го однеле во Струшката болница каде му биле санирани повредите.
Физичкиот напад следел по вербална расправија на осомничениот професор со мајката на ученикот, која му била колешка.
Но ,од училиштето велат дека и претходно имало слични инциденти на професорот со неговите ученици и колегите.
Емилија Мисирлиевски