Култура

Почина актерката Видосава Грубач

Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на долгогодишната актерка Видосава Грубач, која беше член на Драмскиот театар од 1962 па сѐ до пензионирањето, соопштија од Драмски на својот Фб прифил.
Најважните улоги Грубач ги остварила на куклената и на детската сцена, а со голем успех учествувала и во проектите на вечерната сцена на Драмскиот театар. Таа настапила во улогите на Беки Тачер во „ Том Соер“ -1962, била Оливер Твист во истоимената детска претстава од 1963, потоа Клариса во „Кралот на елените“ , во 1964,  Лилјана Бартли во „Фармерки“, од 1965, Мариета Ривал во „Сојуз на лажните светци“ -1970,  Жената во облека на шпанска кралица во „Ништо“- 1972,  Бајачката во „ Диво месо“, од 1979, Екатерина во „Бркотница“ -1980, Иродијада во „ Салома“ -1985 и Тетка Веска во „ Чија си“, од 1991 година.
Изразуваме искрено сочуство до семејството.
Нека и е вечна слава, стои во Фб објавата од Драмскиот театар.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе