Вести Култура

Изложба на фотографии и макети од проекти на жените акрхитекти во пост-земјотресно Скопје

Придонесот на жените архитекти во периодот на постземјотресната обнова на Скопје е исклучително важен. Периодот на 1960- те, 1970-те и раните 1980 ти е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Василка Ладинска и Олга Папеш, но и многу други авторки. И покрај тоа што се познати во професијата за жал многу малку се познати во пошироката јавност, велат организаторите на изложбата.

Водат големи проекти, важни проектантски задачи, хводат проектантски групи во рамките на големите градежни фирми дел од нив како Мимоза Несторова Томиќ се на раководни позиции, таа и се пензионирала како директорка на Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје и исто така се препознаени во рамките на архитектонската професија во текот на своето творештво, добитнички на голем број награди, изјави Ана Ивановска – Дескова, коавтор на проектот 

Восхитуваат програмите за јавните објекти  и денес навистина недостасува ваков сериозен пристап. Новостите во светот без комјутери и информатичка технологија која ја имаме денес  се пренесувале во брз временски интервал и кај нас, вели професорот Ралев.

Најсовремените технологии за градба во тоа време биле пренесени и во Скопје . Да кажеме дека во времето на овие градби при крај на 60-те години, во почетокот на 70- те, па се до  80 – те кога ќе направиме компарација со светската архитектура ќе кажеме дека тука се движат.  Да речеме од 1969 /1070 та е Сиднејската опера, Светскиот трговски центар е 1973 –та, тоа се и нашите објекти во тоа време, рече проф. д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ

Жените архитекти имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти“, велат авторите на проектот. Тие воедно го прават својот прв пробив во мноштвото професии, кои претходно се сметале за „машки“.

Нина Стефанова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе