Вести Македонија

Министрите нема да доаѓаат во Собранието

До изборот на новата Влада, министрите нема да доаѓаат во Собранието. Ќе се гласаат закони кои влегле во собраниска процедура пред оставката на премиерот Заев или закони предложени од пратеници.

Вакво мислење изгради пратеничката група на СДСМ, што е во целосна согласност со одлуката на спикерот Џафери – да не се одржи седницата за пратенички прашања.

До формирањето на новата Влада, Собранието може да расправа само по предлозите кои се влезени во процедура, зашто тие се надлежност на Собранието до  чинот на гласање. За нив, овластен претставник може да биде и заменик министерот, кој има такви овластувања и надлежности. До формирањето нова Влада, нема да биде присутен ниту еден министер. Секако, Собранието може да работи по закони чии предлагачи се пратеници, изјави Јован Митрески од СДСМ.

Професорот по уставно право и политички систем Александар Спасеновски не се согласува. Објаснува дека министрите, иако се во оставка, останувааат на своите функции до изборот на нивните наследници.

Тие продолжуваат да ги извршуваат своите обврски, Владата може да одржува седници, да усвојува закони, да ги застапува во Собранието, па и да одговара на прашања од пратеници.

Вчера не се одржа закажаната седница за пратенички прашања. Според претседателот на Собранието Талат Џафери, тоа би било бесмислено бидејќи по констатираната оставка на премиерот, а со тоа и на целата Влада, министрите ги извршуваат своите должности само технички.

Иако Уставот и Деловникот немаат ваква изречна одредба, Џафери се повика на востановена пракса и на неодржување пратенички прашања за време на изборна кампања.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу депонијата Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе