Култура

Премиера на „ Палешка “ со современ прочит во Театарот за деца и младинци

 

Во Театарот за деца и младинци, во петок во 19 часот, ќе се одржи премиерата на куклената претстава „ Палешка“, работена според бајката на данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Давор Драгојевиќ од Црна Гора.

  • Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како различноста и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. Мајсторски изработените кукли водени со совршена прецизност и чувство од сите актери во екипата на сцената создаваат магија со која ќе се соживеат и децата и возрасните, се вели во соопштението од ТДМ.

Покрај режијата, и драматизацијата е на Давор Драгојевиќ, додека преводот, адаптацијата и драматургијата е на Драгана Лукан Николоски.

Во претставата играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.

Сценографијата, костимите, дизајнот и изработката на куклите се на Кирил Василев, а композитор е Алек Родиќ.

Режисерот Драгојевиќ, во име на претставата ќе запише:

„…Мечтајте за да летнете

Нека не ви биде страв

И големи и малечки

Вилински ве носи прав.

Уживајте и љубете

Нека срцето ви пее

Знајте дека кај и да сте

Мајчинската љубов грее.

Првата реприза на „Палешка“ е закажана за 25 декември 2021, во 19 часот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе