Владата од денеска е во оставка, но контурите на новата само се наѕираат. Повеќето досегашни министри преговараат за нов мандат, тројца се изјаснија дека повеќе нема да бидат дел од извршната власт, а некои тврдат дека се` уште не одлучиле.
Министерот Бочварски, кој вчера не ја исклучи можноста да стане дел и од идната влада, денеска беше резервиран.
За министрите од ДУИ се шпекулира дека нема да има промени, но министерот за животна средина вели дека и таму допрва ќе има дебата.
Во меѓувреме, оставка си даде и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој , Коста Петров, кој беше близок соработник на Заев. Одлуката ја објави преку социјалните мрежи, без објаснување за причините. Петров целосно се повлекува од политиката, вклучително и од партискиот ангажман, и му се враќа на сопствениот бизнис.
Далиборка Дамјанска