Ковид19 Македонија

Нови 320 заразени лица со коронавирус, осум починати и 214 оздравени

Во последните 24 часа регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19, од направени 3.366 тестирања. Во истиот временски период регистрирани се и осум починати лица, но и 214 оздравени пациенти.

-Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19. Од нив, во Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, а во Пробиштип и Демир Хисар – по 1, информираат денеска од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, и од Струга и Дојран – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г),  и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови, соопштуваат од МЗ.

Направени се 3.366 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–139, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-163, Биотек-167, Систина-89, лабораторија Лаор-138, Синлаб-22, Ремедика-22, Плодност–38, Генеа-9, Никоб лаб-303, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-62, Ројал Медика–59, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.400.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе